Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Документарниот филм на Бијонсе

ВИДЕО: Документарниот филм на Бијонсе

На Денот на благодарноста, на телевизијата ABC за првпат беше прикажан документарниот филм на Бијонсе наречен „I Am... World Tour“.

Филмот е продуциран и режиран од самата Бијонсе и е составен од кадри од нејзината голема светска турнеја. Преку него 29-годишната пејачка им дава можност на нејзините обожаватели да пропатуваат заедно со неа на турнејата и да ѕирнат во нејзиниот приватен живот.

Освен снимки од настапите на 108 концерти во 78 градови пред 1,1 милиони обожаватели, во филмот се прикажани неколку забавни моменти од нејзините патувања, но и неколку емотивни и тажни.

Еве го поголемиот дел од документарниот филм кој постигна огромен успех, разделен на осум видеа:

Во првото видео, на почетокот Бијонсе раскажува за подготовките за турнејата, а потоа следува настап на Бијонсе и Џеј-Зи со микс од „Crazy In Love“ и „I Just Wanna Love U“.

На почетокот на второто видео Бијонсе веќе тргнува на турнеја, а кон средината следува и изведба на „Get Me Bodied“.

Во третото видео Бијонсе изведува два големи хитови – „If I Were A Boy“ и „Ave Maria“. Тука е прикажан и дел од нејзиното патување во Египет. Тешко дека некој може да ги оддели очите од неа кога на сцената ќе ја запее „Ave Maria“.

Во четвртото видео Бијонсе настапува прво со „Radio“, а потоа заедно со Кание Вест ја исполнуваат „Ego“.

Петтото видео започнува со песната „Hello“, а потоа следуваат кадри од престојот на Бијонсе во Кина. Кон средината на видеото Бијонсе ја започнува изведбата на „Baby Boy“ додека виси како вистински акробат над публиката. На крајот заедно со публиката ја пее „Irreplaceable“.

Во шестото видео, кое на почетокот е црно-бело, Бијонсе ја изведува баладата „At Last“.

Во седмото видео Бијонсе ја изведува „Single Ladies“.

На почетокот на последното видео Бијонсе низ солзи кажува дека го живее својот сон, а потоа започнува нејзиниот хит кој го освои светот – „Halo“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11104 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.