Антониа Гиговска со „Никогаш не вели никогаш“ победи на „Макфест 2018“
Почетна » Новости » Музика » Антониа Гиговска со „Никогаш не вели никогаш“ победи на „Макфест 2018“

Антониа Гиговска со „Никогаш не вели никогаш“ победи на „Макфест 2018“

Антониа Гиговска со песната „Никогаш не вели никогаш“ победи на „Макфест 2018“. Покрај статуетка, 17-годишната пејачка освои и парична награда од 5.000 евра.

„Никогаш не вели никогаш“ е дело на Лазар и Магдалена Цветковски.

Макфест

На синоќешното финале, на второ место заврши Роберт Билбилов со песната „Чудни места“ и беше награден со 4.000 евра. Третата награда од 3.000 евра ѝ припадна на Дани Димитровска која настапи со песната „Време“.

На 33. издание на Макфест учествуваа 32 изведувачи од кои 20 се натпреваруваа во финалето.

Награди во висина од 500 евра добија Роберт Билбилов за Најдобар аранжман, Наташа Малинкова за Најдобра интерпретација, Мина Блажев за Најдобар дебитант и Пепа за Најдобар сценски настап.

Водителка беше Маријана Станојковска.

Макфест Макфест

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8990 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.