Mango со нов тренд: Mинимализам инспириран од 90-тите години
Почетна » Новости » Мода » Mango со нов тренд: Mинимализам инспириран од 90-тите години

Mango со нов тренд: Mинимализам инспириран од 90-тите години

По лансирањето на трендот Tribal Spirit за февруари со кампања којашто ја имаше Кендал Џенер во главната улога, следува нов пролетен тренд Soft Minimal, кој е инспириран од минималистичкиот стил на 90-тите.

Mango Mango

За оваа кампања, Mango ја ангажира Лиу Вен, најпознатиот азиски интернационален модел. Таа за соработката со брендот вели: „Соработката со MANGO беше одлична. Навистина ми се допаѓа минималистичкиот тренд, бидејќи сакам кога работите се едноставни, а во исто време убави. Сите парчиња кои ги носам во кампањата имаат едноставни линии и се направени од материјали кои се идеални за секој дел од денот. Мислам дека на сите ќе им се допадне оваа колекција особено кога ќе можат и да ја видат во продавниците”.

Колекцијата која го претставува овој тренд ќе биде достапна во март и вклучува женствени плетени парчиња во комбинација со фустани, блузи од тантела и широки кроеви. Еднобојнитe фустани и лелеавите свилени парчиња, инспирирани од супермоделите на 90-тите, се реинтерпретирани за модерен изглед.

Mango Mango Mango Mango Mango Mango Mango Mango

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 25%
  • 75%
Се испраќа...

(Вкупно: 571 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?