„Dunes“: Новата колекција на македонскиот дизајнер Мите Занов инспирирана од пустинските дини
Почетна » Новости » Мода » „Dunes“: Новата колекција на македонскиот дизајнер Мите Занов инспирирана од пустинските дини

„Dunes“: Новата колекција на македонскиот дизајнер Мите Занов инспирирана од пустинските дини

„Пустината си има своја волшебна убавина, исто како и секој човек на оваа планета“ – е пораката која Мите Занов ја пренесува со својата нова модна колекција „Dunes“.

Младиот македонски дизајнер создаде креации инспирирани од пустинските дини и ги претстави преку едиторијал со моделите Ангела Младеноска, Соња Граздани и Магдалена Ѓоргиевска.

„Пустината како копнено подрачје, но и со метафорично значење, е појдовната инспирација за новата колекција. Пустинските дини, создадени со напластување на песок, разнесен со помош на силата и моќта на ветерот, симболично за мене ги претставуваат сите предизвици што ги носи животот на секоја индивидуа... убави и среќни моменти, подеми и падови, искачување и исполнување на целите, разочарување од самите себеси и од другите, животни приказни, секоја сама по себе уникатна и посебна на свој начин“ – вели Занов.

„Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов

Пустината, што се смета за еден вид изолиран простор на Земјата, простор без вегетација, со мал процент на вода, и место на Земјата каде условите за живот се многу оскудни или воопшто ги нема, метафорично е поврзана со ситуацијата и состојбата во која се наоѓа моментално цел свет. Изолирани, затворени, без љубов и со изгубена надеж... Но сепак со борба, единство и позитивна енергија.

Но, пустината си има своја волшебна убавина, исто како и секој човек на оваа планета. Од тука доаѓа и главната порака на колекцијата, без разлика на сè, без разлика на тоа што и да ви се случува во животот, колку и да се чувствувате осамено, изолирано, несакано, разочарано, без срам треба да прифатите тоа што сте... Дајте си сами на себе љубов, почитувајте се, сакајте се и не заборавајте, секој од вас е посебен и волшебен на свој начин.

Себе љубовта, на оригинален начин е прикажана преку кроевите на креациите со техника која за мене претставуваше нов вид на изработка и експериментирање... односно, воведов интересен начин на спојување на материјалите, преку спирална техника, која може да се забележи во неколку модели и со која се прикажува обвиткување на телото, себе-гушкање, допирање и галење...

Со оваа техника, значително да се напомене и дека нема никаков отпад при изработка на моделите, односно преку zero waste на самите материјали, со мали но сигурни чекори, се обидов свесно да допринесам во заштитата на планетата Земја, помало загадување за почист живот.

Материјалите во колекцијата, се внимателно одбрани, меѓу кои преовладуваат лесни и лелеави материјали, погодни за летна сезона, како памук, вискоза, свила и шифон. Палетата на бои е совршен приказ на пустината... земјени тонови, крем нијанси, загасити сиви, зелени, жолти и розеви тонови, како и контраст на црна и бела боја.

Во колекцијата е застапен различен асортиман на дизајни и модни парчиња, кратки и долги панталони, кратки и миди фустани, сакоа, здолништа, комбинезони, блузи, а исто така целосната слика ја надополнува и рачно изработен накит во златна боја, аксесоари кои нагласуваат посебен дел од телото.

„Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов „Dunes“ на Мите Занов

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 5871 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.