5 трендови со кои ќе посакате да ја започнете есента
Почетна » Новости » Мода » 5 трендови со кои ќе посакате да ја започнете есента

5 трендови со кои ќе посакате да ја започнете есента

Сакале или не, летото е во својот залез и пред нас се наѕира есенската сезона, која доаѓа со инспиративен сет од трендови.

Некои „учесници“ во есенската модна игра веќе добро ги познаваме и ги имаме прифатено, а други пак шармантно настапуваат за да нè освојат.

Смели во „кожа“

Од кожени панталони, фустани и здолништа, па до кожени јакни и мантили во „The Matrix“ стил, сè застанува во преден план во гардероберите на модните вљубенички.

FashionGroupПанталони Mango FashionGroupЈакна Guess FashionGroupФустан Mango

Црвено на пиедестал

Иако Pantone ја истакна сината боја како боја на 2020 година, светските дизајнери ја прогласија црвената за фаворит во студената сезона.

FashionGroupДуксер Guess FashionGroupЏемпер Mango

Карирано засекогаш

Карираниот дезен во различни верзии господари на модната сцена и непрекинато ја шири мрежата на свои обожаватели.

FashionGroupКошула Mango FashionGroupЗдолниште Mango

Драматични ракави

Пред неколку сезони волуменозните ракави беа новитет, но сега се толку масовно прифатени, што веројатно ќе уживаат во голема популарност барем уште неколку месеци.

FashionGroupБоди Guess FashionGroupБлуза Mango

Чизми со средна висина

Чизмите со висина до/под колена ќе бидат попопуларни од супер високите чизми над колена кои ги доживуваа своите „5 минути слава“ во изминатите сезони. Освен тоа, може да се каже дека овој модел е класика кој секогаш ќе сакате да го зачувате во плакарот.

FashionGroupЧизми Mango FashionGroupЧизми Mango

Продолжете да разгледувате стилски предлози за есенската сезона на онлајн продавницата на Fashion Group.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8545 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.