Целосно нова онлајн платформа на Okaidi: Уште повесело доживување за најмалите!
Почетна » Новости » Мода » Целосно нова онлајн платформа на Okaidi: Уште повесело доживување за најмалите!

Целосно нова онлајн платформа на Okaidi: Уште повесело доживување за најмалите!

Веќе подолго време постои еден неодолив бренд на кој родителите секогаш му се воодушевуваат, а најмалите го обожуваат.

Okaidi е дефинитивно најслаткиот бренд во нашата групација, па секогаш сме полни радост и предизвици кога треба да работиме за подобрување на истиот.

Овојпат, со неверојатно задоволство го откриваме проектот на кој работевме изминатиот период, а тоа е целосно нова платформа www.okaidi.com.mk полна изненадувања, неодоливи производи за најслатките и секогаш, толку добри промоции.

Okaidi

Есента оваа година е сосема поинаква, но тоа воопшто не значи ограничување на детската игра во надворешни услови. Во однос на тоа, дизајнерите на Okaidi создадоа исклучително топла колекција полна слатки парчиња, како и подеднакво топли обувки кои знаеме дека секогаш се од исклучително значење.

Онлајн платформата Okaidi овојпат е надоградена со уште повеќе содржина, па така сега на ултра лесен начин ќе ја пронајдете колекцијата целосно изработена од органски памук, маичките со принт кои се омилени на вашите најмили или пак неопходните производи за новороденчињата.

Палетата на бои и исклучителните материјали секогаш се од огромно значење, па токму есенската колекција на брендот е полна парчиња со овие одлики.

Дел од истата се и производите за спиење изработени од најмеки материјали совршени за сонот на секое детенце, како кадифени пижами, вреќи за спиење и стилски додатоци.

Денеска е совршен ден за отпочнување на нова приказна, па ве чекаме да ни ја раскажете вашата во слатките парчиња на Okaidi кои од денеска се достапни на www.okaidi.com.mk.

FashionGroup FashionGroup FashionGroup FashionGroup

Видео

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 13%
  • 22%
  • 65%
Се испраќа...

(Вкупно: 3580 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.