Свршувачката со принцот Хари ја стави Меган Маркл во фокусот на медиумите низ целиот свет.
36-годишната актерка стекна светска слава со улогата во серијата „Suits“, но по стапувањето во брак, ќе се откажe од својата кариера за да се посвети на обврските како член на британското кралско семејство.
 
  
Маркл е родена во Лос Анџелес, Калифорнија, и уште од мали нозе негувала љубов кон актерството. Својата прва улога ја добила во серијата „General Hospital“ во 2002 година. Подалеку од филмската камера, таа е позната по хуманитарната работа, модната линија Meghan Markle Collection и блогот „The Tig“, кој го затвори пред неколку месеци.
 
  
Во првото заедничко интервју, Меган и Хари открија дека се запознаа во јуни минатата година преку заедничка пријателка. „Се заљубив во Меган неверојатно брзо. Сите ѕвезди беа подредени, сè беше совршено. Оваа прекрасна жена едноставно се сопна и падна во мојот живот, а јас паднав во нејзиниот“ – изјави Хари.
 
Меган зад себе има оставено еден брак. По две години брачен живот, таа се разведе од филмскиот продуцент Тревор Енгелсон во 2013 година. Нејзината свадба со Хари е закажана за мај следната година.
 Меган со поранешниот сопруг
Меган со поранешниот сопруг  
Допрва, Меган ќе добива сѐ поголемо медиумско внимание, а пред таа и официјално да стане дел од кралското семејство, погледнете го нејзиниот стил низ фотографии.
2005 година
 
  
2007 година
 
  
 
  
2009 година
 
  
2011 година
 
  
 
  
2012 година
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
2013 година
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
2014 година
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
2015 година
 
  
 
  
 
  
 
 
 
  
2016 година
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
 
  
2017 година
 
  
По склучувањето брак со принцот Хари, Меган нема да стане принцеза, туку веројатно ќе ја добие титулата Војвотка. Хари е петти во линијата наследници на британскиот престол, по престонаследникот Чарлс, принцот Вилијам и принцот Џорџ и принцезата Шарлот (децата на Вилијам и Кетрин).
 
		 

 
 
 
 
