Богатите посетители на престижната лондонска стоковна куќа „Хародс“ ќе го имаат задоволството да уживаат во рајот за обожавателките на обувки.
На првиот кат на стоковната куќа ќе бидат претставени некои од најубавите чевли на некои од најдобрите дизајнери на обувки во светот.
Отворањето ќе биде утре, а ќе присуствува познатиот дизајнер Џузепе Ѕаноти.
Во центарот ќе бидат изложени црни кожни обувки на Александар МекКвин кои чинат 2600 евра. Досега се продадени 18 пара од нив, а на листата на чекање која во моментов е затворена се запишани уште 35 обожавателки на починатиот дизајнер.
Обувки од Александар МекКвин. Цена: 2600 евра
Еве дел од обувките кои ќе имаат можност да ги видат среќничките што ќе го посетат „Хародс“:




































