ФОТО: Невестинскиот фустан што Ралф Лорен го дизајнираше за ќерка си
Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Невестинскиот фустан што Ралф Лорен го дизајнираше за ќерка си

ФОТО: Невестинскиот фустан што Ралф Лорен го дизајнираше за ќерка си

Ако вашиот татко е врвен дизајнер, нормално дека ќе сакате токму тој да го дизајнира најважниот фустан во животот – невестинскиот. Тоа го направи и 37-годишната Дилан Лорен, ќерката на славниот Ралф Лорен.

Иако нејзината свадба се одржа пред неколку недели, првата фотографија од фустанот на Дилан се појави дури сега, на насловната страна од августовското издание на списанието Вог.

Дилан ЛоренДилан Лорен во фустанот дизајниран од Ралф Лорен

71-годишниот дизајнер признал дека дизјанирањето на фустанот за Дилан не било лесно, затоа што сакал да е нешто специјално.

„Морав да направам нешто што е подобро од сè претходно... Кога правите нешто за своето семејство или за својата ќерка... мислам, таа е единствената ќерка што ја имам – прекрасна девојка, само сакам да ѝ дадам нешто што ќе го цени и нешто што навистина ќе биде прекрасно. Сакам да се чувствува фантастично“ – изјавил Ралф за време на своето интервју со Опра.

За да го направи идеалниот фустан, тој побарал и консултација со една од најпознатите креаторки на венчаници, Вера Ванг.

Списанието Вог посебно се концентрира на кариерата на Дилан. Таа е сопственик на ланецот продавници за бонбони Dylan's Candy Bar.

„Сакам да креирам свој Дизниленд од бонбони... Бонбоните се детство. Најдобрите и најсветлите моменти кои посакуваш да траат вечно“ – изјавила таа.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 9003 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.