Синоќа во Њујорк се одржа гала вечер организирана од amfAR (Американската фондација за истражување на сидата). На црвениот тепих на хуманитарната вечер се појавија многу холивудски ѕвезди.
Критиките за најлош стајлинг на вечерта ги собра Линдзи Лохан, која иако беше меѓу најмладите гости, изгледаше барем 10 години постара. Ниту фустанот од Том Форд (кој воопшто не ѝ прилегаше на нејзината фигура), ниту новата боја на коса и слоевите шминка не ѝ помогнаа на Линдзи да покаже дека има 25 години.
За разлика од проблематичната Линдзи, останатите гостинки изгледаа многу години помлади. Домаќинка на префинетиот настан беше Сара Џесика Паркер, а меѓу гостите се најдоа Синди Крафорд, Елизабет Харли, Ерин Хатертон, Џулиен Мур, Хајди Клум, Лејтон Мистер, Каролина Куркова и Алекса Чанг.

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (37)
Јас почнав да барам по интернет, дали има некоја старка, имењачка или презимачка на истата.
Иначе, сите се океј. Само некако Алекса Чанг, ми изгледа премногу слабо. :Ѕ И не ми се допаѓа фустанот на Каролина Куркова.
Најубава ми е Ерин Хатертон.
Samo Erin Harterton i Elizabet Harli se okej , ostanatite omFg :S
Сара Џесика Паркер ♥
што и се случило права баба е..
а другите се океј :)
Ни најмалку не изгледа дека има 25 :O
Како најубава би ја издвоила Ерин Хатертон.
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.