ФОТО: Колекцијата „Нереиди“ на Ристовска во Старата скопска чаршија
Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Колекцијата „Нереиди“ на Ристовска во Старата скопска чаршија

ФОТО: Колекцијата „Нереиди“ на Ристовска во Старата скопска чаршија

Светот на морските длабочини ја инспирира актуелната колекција на дизајнерката Антонија Ристовска, која беше презентирана во „Галерија 8“ во Старата скопска чаршија. Како вистинско летно модно изненадување, ревијата наиде на одлични реакции.

Антонија Ристовска и манекенките во нејзини креации

„Темата на колекцијата Нереиди е инспирирана од подводниот свет и водните нимфи, па на убав начин ја донесовме морската свежина на жешката калдрма во Старата скопска чаршија“ – изјави модната креаторка.

Манекенките ги претставија кратките и долгите фустани од колекцијата пролет/лето 2012 во нијанси кои ги пресликуваат боите на крајбрежните води на егзотичното Средоземно Море и неговите длабочини.

Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска

Изгледот на манекенките беше финиширан со парчиња накит од метал во корални форми. Брановидните фризури идеално го надополнија елегантниот изглед на нежните креации, наменети за дамите кои храбро пливаат во сите предизвици на денешницата и кои го движат светот напред.

Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска
Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска

Модниот настан имаше хуманитарен карактер. Собраните средства ќе бидат донирани на 1 јули, кога „Галерија 8“ го слави и својот прв роденден.

Погледнете ги и официјалните фотографии од креациите:

Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска
Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска
Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска
Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска
Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска
Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8610 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.