Коњско опавче
Ја сакаат затоа што го отскрива вратот и има заводнички секси свиок.
Прекумерно тапиран волумен
Не ја сакаат затоа што едноставно е премногу нападна и изгледа вештачки.
Долга коса
Мажите го сакаат она што го немаат. Сакаат долга коса затоа што е секси и романтична и поради тоа што ги потсетува на женственоста на жената.
„Пикси“ кратка фризура
Мажите ја сакаат, но само кај жени со откачен карактер.
Утринска коса
Разбушавените брановидни прамени се привлечни за мажите, но само кога изгледаат средено.
Разбушавени брановидни прамени
Премногу разбушавениот изглед не е привлечен за мажите, бидејќи им изгледа дека вашата коса е како место за „изгубено-пронајдено“ и дека во неа има заглавено дури и птичји пердуви.
Елегантно собрана коса
Мажите ја сакаат оваа фризура, бидејќи жената изгледа елегантно додека се излезени со неа и си помислуваат на моментите кога ќе останат сами и кога таа ќе ги ослободи и развее своите прамени.
Шишки
Мажите ги сакаат шишките, бидејќи тие покажуваат индивидуалност.
Две коњски опавчиња „ала Пипи“
Мажите не ги сакаат, бидејќи не изгледаат женствено.
Стегнати плетенки
Мажите не ги сакаат, бидејќи не изгледаат женствено, туку повеќе детски.
Разлабавени „бохо“ плетенки
Мажите ги сакаат затоа што изгледаат поприродно, лежерно и секси.












Коментари (18)
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.