Почетна » Новости » Мода » Првата дама на Србија сними фотосесија за L'Officiel, откри кои 3 работи треба да ги има секоја жена во плакарот

Првата дама на Србија сними фотосесија за L'Officiel, откри кои 3 работи треба да ги има секоја жена во плакарот

Тамара Вучиќ ги краси страниците на L'Officiel Paris.

За време на Париската недела на високата мода, Првата дама на Србија ја искажа својата поддршка за дизајнерот Стефан Ѓоковиќ и позираше во негови креации. Фотосесијата била направена во резиденцијата на српскиот амбасадор во Франција.

Тамара Вучиќ Тамара Вучиќ Тамара Вучиќ Тамара Вучиќ

Сопругата на претседателот Александар Вучиќ, зборуваше за својот секојдневен стил и за српскиот гламур, а откри и кои три работи треба да ги има секоја жена во својот плакар.

За својот секојдневен стил: „Ја обожавам елеганцијата и едноставноста без разлика дали одам на работа, поминувам време со пријателите, патувам или учествувам на важен јавен настан. Сметам дека за секоја жена, кога станува збор за модата, важно е да биде свесна што ѝ прилега, дали соодветствува со нејзиниот карактер и нејзината ситуација. Со други зборови, треба да знае дали нешто ѝ стои и дали се чувствува убаво во него. Има модни парчиња или комбинации кои се многу тренди и ми се допаѓаат кога ги гледам на другите, но јас никогаш не би се осмелила да ги носам. Едноставно нема да личат на мене“.

Тамара Вучиќ Тамара Вучиќ

За српскиот гламур: „За мене, гламурот е сè што е реткост, што си ја зголемува вредноста и е скапоцено. Позитивниот став кој животот и светот е гламурозен, како што е гостопримливоста по која Србите се добро познати. Град што живее 24/7 е гламурозен, а таков е Белград. Српскиот гламур е дел и од нашата историја...“

Тамара Вучиќ

Кои се трите основни работи кои една жена мора да ги има во плакарот: „Монохроматски фустан, пред сè црн или тегет, што е секогаш одличен избор за оние утра кога ‘немаш што да облечеш’; добро скроен костум и совршено точни фармерки. И едноставна бела маичка. Не ме обвинувајте ако се четири.

Тамара Вучиќ Тамара Вучиќ

Анкета

Анкета
Каде на летен одмор годинава?
  • 10%
  • 41%
  • 17%
  • 32%
Се испраќа...

(Вкупно: 3456 гласа)

Цитат

ПЕЈ како никој да не те слуша, ЉУБИ како никогаш да не си бил повреден, ТАНЦУВАЈ како никој да не те гледа и ЖИВЕЈ како на Земјата да е рај.

Непознат автор

Виц

Разговараат сопруг и сопруга:

Тој: Пак ми ја имаш „исчистено“ сметката.

Таа: Па да, затоа што те сакам.

Тој: Каква врска имаат парите со љубовта?

Таа: Знаеш како велат - Чиста сметка, долга љубов.