Првата дама Елизабета во пурпурен фустан покрај Стево Пендаровски на отворањето на „Охридско лето“
Почетна » Новости » Мода » Првата дама Елизабета во пурпурен фустан покрај Стево Пендаровски на отворањето на „Охридско лето“

Првата дама Елизабета во пурпурен фустан покрај Стево Пендаровски на отворањето на „Охридско лето“

Елизабета Ѓоргиевска заблеска покрај претседателот Стево Пендаровски на отворањето на јубилејното 60-то издание на „Охридско лето“.

На првата вечер од Фестивалот, 48-годишната Прва дама шармираше во лелеава креација во пурпурна нијанса. Фустанот е дело на македонската дизајнерка Лидија Георгиева, која вели дека бојата потсетува на длабоките нијанси на езерото после полноќ.

Елизабета Ѓоргиевска и Стево Пендаровски Елизабета Ѓоргиевска и Стево Пендаровски

„За отворањето на Охридско лето, дизајнирав долг лелеав фустан во пурпурна боја. Фустанот е обмислен како силуета во два слоја, со асиметрично поставени фалти во горниот дел, а бојата потсетува на длабоките нијанси на езерото после полноќ. Дизајнот е инспириран од античкиот театар во Охрид, како парафраза на драперијата и на кратката и долга туника од класичните драми. Материјалот е купен во Скопје, а секако и изработката е од домашни мајстори на занаетот. Достоинство, елеганција и модерна класика, во овие моменти специфични за сите нас, овој дизајн беше посебен дизајнерски и занаетчиски предизвик“ – изјави талентираната креаторка на фустанот.

Елизабета Ѓоргиевска и Стево Пендаровски Елизабета Ѓоргиевска и Стево Пендаровски Отворање на Охридско лето

Јубилејното издание на познатиот фестивал започна во знакот на оперската примадона Ана Липша Тофовиќ.

Сцената на Античкиот театар блесна со концертот на арии насловен како „Вокални бисери – по стапките на Ана Липша, во изведба на светски познатите солисти, Марија Јелиќ – сопран од Србија, Дарио Ди Виетри – тенор од Италија, Иван Томашев – бас од Србија и Аманда Стојовиќ – мецосопран од Црна Гора, а во пијано придружба на Миливое Велиќ.

Солистите изведуваа арии кои претставуваат бисери од литературата и се предизвик за секој пејач во неговиот вокален фах. Публиката имаше можност да ужива во популарната „Несун дорма“ од Турандот, аријата на Лаурета од „Џани Скики“ – „О мио бамбино каро“, како и во арии од оперите „Кармен“, „Тоска“, „Мадам Батерфлај“, „Магбет“ и други.

На отворените сцени, Антички театар, Долни Сарај, Предворје „Св Софија“, како и Црквата „Св. Софија“ од 4 до 30 август ќе настапат околу 300 уметници од 19 земји.

Отворање на Охридско лето

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8655 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.