Почина италијанскиот дизајнер Серџо Роси од коронавирус
Почетна » Новости » Мода » Почина италијанскиот дизајнер Серџо Роси од коронавирус

Почина италијанскиот дизајнер Серџо Роси од коронавирус

Модниот свет го испраќа Серџо Роси. Легендарниот дизајнер почина како последица на КОВИД-19 неколку дена откако беше хоспитализиран во Чезена, Италија. Имаше 84 години.

Серџо Роси

Во емотивно соопштение, неговиот син Џанвито Роси, кој има сопствен бренд за обувки, сподели: „Тој е сторија за безусловна љубов кон обувки која започна во Италија за време на Втората светска војна и му беше предадена од неговиот татко кој секогаш изработуваше чевли по мерка. На 14-годишна возраст тој беше вешт чевлар и заедно со неговиот брат Франко, за време на зимата изработуваше чевли кои ги продаваше во текот на летото на киоск по ривиерата.“

„Има личности кои имале убава среќа да ја претворат нивната уметност во работа, но и личности кои поседувале неверојатен талент за да ја трансформираат нивната работа во уметност. Серџо Роси е од вторите. Сопруг, татко, дедо и предок на семејство кое го следи неговиот пример. Нашето семејство со љубов го нуди последното збогум. Со незгасливиот оган на твојата страст, нè научи дека нема граници за оние кои го сакаат она што го прават. Збогум, маестро.“

Серџо Роси Серџо Роси Серџо Роси

Италија е една од најзасегнатите земји во светот од новиот коронавирус со речиси 120 илјади заболени и речиси 15 илјади починати лица.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 26%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 6164 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.