„Нема ништо поубаво од жена која има самодоверба“: Адријана Лима со едиторијал за рускиот Numero
Почетна » Новости » Мода » „Нема ништо поубаво од жена која има самодоверба“: Адријана Лима со едиторијал за рускиот Numero

„Нема ништо поубаво од жена која има самодоверба“: Адријана Лима со едиторијал за рускиот Numero

Адријана Лима е ѕвездата од најновото издание на рускиот Numero, насловено „Women Empowerment“.

38-годишната Бразилка позираше во креации од повеќе светски брендови како Фенди, Баленсијага и Волфорд, а во интервјуто зборуваше за зајакнувањето на жените.

Адријана Лима

„Постојано се чувствувам посилна и инспирирана од жените околу мене, особено од моите две ќерки кои прават да сакам да се подобрувам секој ден... Со векови на жените им било кажувано како да изгледаат, што да носат, како да се однесуваат, кога треба да се мажат и да имаат деца и многу повеќе од тоа. Ми се допаѓа што жените се ослободуваат од рамките кои биле креирани за нив и создаваат свои правила и временски линии по кои се движат“ – вели таа.

Адријана Лима Адријана Лима

За мајчинството, Лима коментира: „Мајчинството е најважната работа за мене. Чувствувам огромна одговорност да бидам добар пример.“

На прашањето за улогата на мажите во свет во кој феминизмот станува сè поизразен, таа одговара: „Верувам дека мажжите и жените треба да се поддржуваат едни со други. Не треба да биде еднострано. Како човечки суштества, треба да се почитуваме и да се грижиме едни за други со цел да коегзистираме и да го правиме светот подобро место за идните генерации.“

Адријана Лима Адријана Лима

Лима ја гледа женската убавина во самодовербата. „Нема ништо поубаво од жена која има самодоверба и е способна да му ги покаже на светот своите квалитети“ – додава таа.

Адријана Лима Адријана Лима Адријана Лима Адријана Лима Адријана Лима

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 2420 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?