На Скопје му се случи Модна Галаксија 2020
Почетна » Новости » Мода » На Скопје му се случи Модна Галаксија 2020

На Скопје му се случи Модна Галаксија 2020

„Платформата Фешн Галакси (Fashion Galaxy) е спој на едукација, мода и естетика, во која идните млади модни дизајнери ќе се промовираат, етаблираните дизајнери ќе едуцираат а граѓаните уживаат во модата“ - велат организаторите на настанот, кој се одржа во Скопје, на кој модниот дизајнер Папаз и младата негова колешка, Каролина Николова ги презентираа нивните креации.

„Колекцијата го носи насловот „3“ (Три) и е инспирација од женската елеганција, драматичност и мистика. Жената е главен двигател за идејата на развивање на луксузна колекција, која е сензуална и нослива и вбројува вкупно 12 изгледи. Парчињата облека се наменети пред се за вечерен изглед за сезона есен/зима. Колекцијата изобилува со елеганција и носливост, вбројува блузони и капути со кимоно и ранглан ракави, здолништа и панталони во широк крој, строги одела и вечерни тоалети. Колорната карта ги вбројува црната, белата, сината и црвената боја. Материјали кои се користени се свила, чоја, чипки и монистри везани на свила, скај, сатен, кашмир, штоф, рачни доработки, монистра, сваровски кристали“ - вели модниот дизајнер Папаз.

Fashion Galaxy Fashion Galaxy Fashion Galaxy

Креирањето на нови модни платформи во светот е вистински тренд. Се повеќе се говори за модата која е брзоменувачка и брзорастечка на пазарот. Платформата Фешн Галакси ќе се грижи првата година локално да ги воспотави релациите со модните дизајнери. Проектот е поддржан од Министерство за култура на Северна Македонија.

Fashion Galaxy Fashion Galaxy

„Колекцијата „The scream of the silence“ се состои од вкупно триесет уникатни модели кои се спој на модата и авангардоста рушејќи ги параметрите на едноличноста. Се карактеризира со смирени, чисти форми, а истовремено ја содржи и целата драма во себе. Целта на создавањето на колекцијата е создавање на чувство на бегство во свет каде што не постојат норми и правила, свет на неограниченост. Секој модел е именуван според дел од соsвездијата дефинирани од астрономијата, секој со засебен дух и значење. Моделите се изработени како позитиви и негативи, црно-бела колекција. Со ефектот на инвертност се поттикнува љубопитноста, желба за продлабочување на истражувањето, желба за откривање на тајните кои ги крие мракот и зборовите неискажани со тишината. Освен црно- белите тонови, колекцијата го содржи и колоритот на вселената, односно бои кои ги користев се: ултра виолетовата, светло жолта, спејс сина, неон зелена. На процесот на дизајнирање и изведбата на моделите од колекцијата им претходеа создавањето на мудбордот и колор картата. На нив е претставен Грут, лик од американскиот суперхеројски филм на Марвел Студиос „Чуварите на галаксијата“ и сцена од вселената со фактот дека „Тишината не е празна туку е полна со одговори“. Процесот е воден според основната појдовна инспиративна точка, а резултираше со создавање на научно- фантастична приказна раскажана преку дизајн решенијата“ - додава дизајнерката Каролина Николова.

Fashion Galaxy Fashion Galaxy Fashion Galaxy Fashion Galaxy Fashion Galaxy Fashion Galaxy Fashion Galaxy Fashion Galaxy Fashion Galaxy Fashion Galaxy

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8655 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.