Врвните дизајнери не штедат од својата креативност при создавањето на обувки, бидејќи добро се запознаени со женската страст кон убави чевли. Во морето од обувки тешко е да се избере еден пар кој ќе биде определен како најсекси, но 35.000 гласачи одлучија ласкавото признание да го понесат обувки на Валентино.
Благодарение на бројните добиени гласови во анкетата организирана од Footwear News и Saks Fifth Avenue, Валентино успеа да победи во овогодишниот натпревар „Секси обувки“.
 1. Валентино
1. Валентино
Гласачите сметаат дека овие светло розови обувки се софистицирани и женствени. Комбинацијата од кожа и тантела создава сексуална тензија, а отскривањето на прстите уште повеќе ја надополнува сексапилноста.
На второ место се најдоа блескави обувки на Џими Чу со Сваровски кристали.
 2. Џими Чу
2. Џими Чу
Прада го зазеде третото место со црни кожени чизми високи до колена.
 3. Прада
3. Прада
Четвртото место го освоија црни чизмички од Криси Морис, со проѕирна ткаенина и високи до глуждовите.
 4. Криси Морис
4. Криси Морис
Победниците биле избрани меѓу 25 финалисти кои доаѓаат од Маноло Бланик, Кристијан Лобутин, Диор, Живанши, Гучи, Оскар де ла Рента, Стјуарт Вајцман...
 
		 

 
 
 
 
