Кралицата Летиција дама со стил во 5 комбинации за посетата на Куба со кралот Фелипе
Почетна » Новости » Мода » Кралицата Летиција дама со стил во 5 комбинации за посетата на Куба со кралот Фелипе

Кралицата Летиција дама со стил во 5 комбинации за посетата на Куба со кралот Фелипе

Кралицата Летиција и кралот Фелипе се во тридневна официјална посета на Куба. Ова е прва посета во последните 500 години на шпанското кралско семејство на поранешната шпанска колонија.

47-годишната кралица изгледаше елегантно во сите пет стајлинзи кои ги носеше за време на свечените настани, при полетувањето и пристигнувањето во Куба.

Пред да полета со својот сопруг од Шпанија, таа зачекори на црвен тепих на аеродромот во Мадрид облечена во црна комбинација од Хуго Бос, црно-бел блејзер и салонки од Прада.

Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција

И покрај 10-часовниот лет, Летиција пристигна во Куба со стил, облечена во миди кошула-фустан со зебраст принт од Хуго Бос, и розови салонки и чанта од дизајнерката Каролина Ерера.

На меѓународниот аеродром во Хавана, тие беше пречекани од кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез.

Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција

Официјалната посета на Куба започна со положување венец на споменикот на кубанскиот херој Хосе Марти, по што кралскиот пар беше на свечен прием во Палатата на револуцијата во Хавана. Топло добредојде им посакаа претседателот на Куба Мигел Дијаз-Канел и неговата сопруга. Летиција шармираше во бел фустан со точкаст принт, кој исто така беше од Каролина Ерера. Својот изглед, таа го комплетираше со салонки од Стив Меден и чанта од Нина Ричи.

Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција

Подоцна, Фелипе и Летиција прошетаа низ улиците на Стара Хавана. За таа прилика, нејзиното височество избра бела креација од Каролина Ерера и обувки од брендот Mint & Rose.

Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција

Кралскиот пар го заврши првиот ден во Куба со изложба и државен банкет. Летиција изгледаше одлично во црвен фустан, сандали од Џими Чу и чанта од Каролина Ерера.

Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 3869 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?