Шпанското кралско семејство го започна летниот одмор на Балеарските острови.
Кралот Фелипе и кралицата Летиција со ќерките и неговата мајка Софија одржаа прием за околу 500 лица во нивната летна резиденција во Палма де Мајорка.

Летиција пленеше со летен шик во бел макси фустан во бохо стил и едноставни еспадрили.
Посебно внимание привлече принцезата Леонор, бидејќи верните фанови препознаа дека таа носи фустан од плакарот на мајка си. Сино-белата креација од Desigual Летиција ја носеше две години претходно.




Меѓу гостите на приемот беше и Рафаел Надал.



