Колоритна женска колекција обувки за пролет/лето 2019 од GEOX
Почетна » Новости » Мода » Колоритна женска колекција обувки за пролет/лето 2019 од GEOX

Колоритна женска колекција обувки за пролет/лето 2019 од GEOX

Храбри форми, интересни детали, невообичаени комбинации и оригинална интерпретација на класиците се носечки во колекцијата на Geox за пролет/лето 2019. Брендот останува лојален на посветеноста кон високо развиена технологија, која овозможува чевлите да дишат, да бидат водоотпорни и удобни.

Спортските чевли и мокасините со впечатлив ѓон, се предвесник на главните теми за сезоната, а доаѓаат во бела и боја на карамел, изработени се од превртена кожа со разновидни додатоци, како ленти, мали нитни, и елементи со питон принт. И кај летните модели, сандалите и папучите присутни се овие декоративни елементи, а се дополнети со мноштво од бои, како бежова, црна и бронзена.

Geox Geox

Дел од летните модели доаѓаат во форма на едноставни, рамни модели, додека пак дел се на повисока потпетица или полна пета. Поелегантите модели се во палетата на златна и сребрена, со ремчиња и детали кои им додаваат атрактивност на нозете.

Geox Geox

Дел од моделите на класични патики, Небула, сандали со отворени прсти и балетанки се инспирирани од модата на 90-тите и на игрив начин со пастелни тонови и специфични принтови ја доловуваат женственоста на оваа декада.

Уникатни за сезоната се и хибридните модели на сандали/патики со впечатлива естетика изразена преку контрастни графички елементи во бело/црвена и црно/бела комбинација.

Geox Geox Geox Geox Geox Geox Geox Geox Geox Geox Geox Geox Geox Geox Geox Geox Geox Geox Geox Geox

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 69%
  • 13%
  • 18%
Се испраќа...

(Вкупно: 6999 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.