Врв на софистицираноста: Ели Сааб фасцинира со колекција во која доминира црното
Почетна » Новости » Мода » Врв на софистицираноста: Ели Сааб фасцинира со колекција во која доминира црното

Врв на софистицираноста: Ели Сааб фасцинира со колекција во која доминира црното

Хармонична синтеза на модерна елеганција, воздржан гламур и минимална драматичност ја карактеризира најновата колекција на Ели Сааб.

„Самодоверба, сила и привлечност“ – тоа се трите зборови со кои Сааб ја опишува хероината на следната студена сезона. Либанскиот дизајнер ја претстави колекцијата есен/зима 2021 со ревија во градината на зградата во која живее, со идејата да ја потенцира убавата страна на Бејрут, кој е силно погоден од пандемијата, а минатата година настрада и од страотна експлозија.

Црното преовладува низ колекцијата, но одвреме-навреме никнуваат и бели, светлорозови, тиркизни и светлозелени креации. Можеби Сааб не експериментираше со боите, но затоа пак си поигра со текстурите и комбинирањето на „спротивности“. Така, кадифен фустан беше претставен со долги кожени ракавици, а креации од транспарентен тул и тантела беа презентирани со кожени чизми над колена.

Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб

Говорејќи за деталите, тој појасни: „Секој детаљ има свое место, многу е важно да не се претера. Мора да го земеш предвид секој детаљ на фустанот, за тој да биде балансиран.“

За разлика од неговата најнова колекција висока мода во која царуваше екстравагантноста, тука беше ставен акцент на практичноста, бидејќи целта е дамите да си пронајдат аутфити во кои ќе итаат низ животот од утро до доцните ноќни часови.

Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб

Видео од ревијата

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 36%
  • 11%
  • 53%
Се испраќа...

(Вкупно: 6794 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.