Атрактивна дама со седа коса и фит тело е модел и на 59 години
Почетна » Новости » Мода » Атрактивна дама со седа коса и фит тело е модел и на 59 години

Атрактивна дама со седа коса и фит тело е модел и на 59 години

Тешко е да се поверува дека оваа жена во декември ќе го прослави својот 60. роденден. Јасмина Роси е модел, фотографка и актерка, која постојано докажува дека годините се само обична бројка. Таа е мајка на две деца и баба на два внуци.

Роси за првпат влегла во светот на модата во своите доцни 20-ти години кога моделите често се пензионираат, бидејќи претходно се грижела за своите деца. Нејзините први фотографии биле направени за брендови како Hermès, YSL и Jil Sander.

Јасмина Роси Јасмина Роси

Откако на 45-годишна возраст се иселила од родната Франција и се преселила во Њујорк, амбициозната дама започнала да снима и реклами за Macy’s, Mastercard и AT&T. Сепак, светска слава достигнала откако била ангажирана од Marks & Spencer.

Јасмина Роси

Се прашувате која е тајната за атрактивниот изглед на Роси? Пред неколку години, таа во интервју за списанието „The Sunday Times“ рекла: „Отсекогаш сум консумирала органска храна, долго време пред тоа да стане тренд. Ставам масло од канола на мојата коса. Еднаш неделно, правам пилинг на кожата со маслиново масло и шеќер. Јадам едно авокадо дневно и органско месо и риба“ – рекла Јасмина во интервјуто.

Иако изгледа како да минува долго време во фитнес сала, таа вежба умерено и ја избегнува употребата на лекарства. „Препуштете ѝ се на природата наместо да се борите со неа – ова е правило за сè“ – изјавила таа.

Јасмина Роси Јасмина Роси Јасмина Роси Јасмина Роси Јасмина Роси Јасмина Роси Јасмина Роси Јасмина Роси Јасмина Роси Јасмина Роси Јасмина Роси Јасмина Роси

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 16%
  • 20%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 11035 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.