Почетна » Новости » Истражувања » Facebook ги поттикнува тагата и љубомората

Facebook ги поттикнува тагата и љубомората

Во денешно време најлесен начин да дознаете нешто повеќе за одредена личност е да го проверите нејзиниот Facebook профил. Но, таквото ѕиркање во туѓите животи може да ве растажи и да предизвика огорченост, па дури и љубомора.

Разгледувајќи ги профилите на вашите пријатели ќе видите само среќни лица на внимателно избрани фотографии, па може да си помислите дека сите се посреќни од вас и дека животот не е фер.

Facebook фотографииСреќните фотографии на профилите на FB создаваат нереална претстава дека сите се среќни и дека имаат добар живот

Истражување на Универзитетот Јута Валеј открило дека внимателно избраните фотографии со радосни и насмеани лица кои Facebook корисниците ги „лепат“ на своите профили испраќаат силна порака до нивните набљудувачи.

За да ја потврдат својата теорија, социолозите Хуи-Џу Грејс Чоу и Николас Еџ интервјуирале 425 средношколци за нивната среќа и среќата на нивните пријатели. Учесниците требало да одговорат колку се согласуваат со изјавите „Животот не е фер“ и „Многу од моите пријатели имаат подобар живот од мене“. Потоа, тие требало да одговорат колку долго и колку често го користат Facebook.

Дури 95% од учесниците користеле FB и тоа во просек по две и пол години.

Резултатите покажале дека колку повеќе време учесниците поминувале на FB, толку повеќе се согласувале со изјавата „Многу од моите пријатели имаат подобар живот од мене“. Ова особено било изразено кај учесниците кои имале пријатели што не ги познаваат добро во вистинскиот живот.

Оние кои подолго време биле присутни на оваа друштвена мрежа повеќе се согласувале и дека животот не е фер.

Социолозите велат дека ова се случува поради психолошкиот процес наречен „correspondence bias“, во кој извлекуваме погрешни заклучоци за луѓето врз база на недоволно знаење.

„Гледањето во среќните фотографии на Facebook, им остава впечаток на луѓето дека другите се секогаш среќни и дека имаат добар живот“ – пишува DailyMail, цитирајќи го Грејс Џоу.

Експертите велат дека ваквата појава е повеќе изразена кај лицата кои имаат повеќе FB пријатели со кои не се познаваат добро во реалниот живот. Кога познавате одредена личност во реалноста, знаете дека има и успеси и падови во својот живот. Но, кога си оформувате мислење само врз основа на фотографиите и информациите од FB, може да ги гледате само успесите.

Коментари (13)

13:14, 18 јануари 2012г. #
TOCNOOOOOOOOO ...
13:24, 18 јануари 2012г. #
Taka e ! :/
15:09, 18 јануари 2012г. #
Многу точно.
15:18, 18 јануари 2012г. #
точнооо

16:28, 18 јануари 2012г. #
taka e ..
19:11, 18 јануари 2012г. #
Па баш не е точно. Имам многу пријатели кои се песимистични, па секоја втора слика им е со солзи и сл... Баш си го сакам животот, и не може некоја социјална мрежа да влијае на неговата убавина.
20:02, 18 јануари 2012г. #
Точно е тоа! И потполно знам дека секои фотографии се избрани од самиот корисник на Facebook.
22:13, 18 јануари 2012г. #
Tagata povishe... :O
22:30, 18 јануари 2012г. #

True :/
16:43, 19 јануари 2012г. #
TOCHNO!! :/
18:12, 19 јануари 2012г. #
Точно и реално.
Ова не се однесува само за среќниот живот и избраните фотогафии од среќен живот,туку настанува и љубомора и чувство на потиштеност и самокритичност гледајќи многу други работи на сликите од пријателите.Убавина,финансии,гардароба и слично :)))
20:32, 19 јануари 2012г. #
Чиста вистина. Затоа си го деактивирав.
09:52, 28 јануари 2012г. #
se soglasuvam so florija01 cista vistina e ali toa e..

Напишете коментар

Треба да се најавите за да можете да испраќате коментари.
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.

busy
Реклама

ПРЕПОРАЧАНО од FACEBOOK

Анкета

Анкета
Во вашиот плакар доминираат:
  • 42%
  • 58%
Се испраќа...

(Вкупно: 9916 гласа)

Цитат

Не знам кој ги измислил високите потпетици, но сите жени му должат многу.

Мерилин Монро

Виц

Жената му се јавува на мажот:

– Каде си?

– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?

– Аууу, да!

– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.

Site Meter