97% од жените си кажуваат лоши нешта за своето тело
Почетна » Новости » Истражувања » 97% од жените си кажуваат лоши нешта за своето тело

97% од жените си кажуваат лоши нешта за своето тело

Сите сме се нашле во ситуација да стоиме пред огледало и да си даваме лоши забелешки за своето тело. „Дебела сум“, „Криви ми се нозете“, „Мали ми се градите“... жените очигледно се склони да се самокритикуваат.

Но, сигурно ќе се изненадите кога ќе разберете дека дури 97% од жените секој ден доживуваат барем еден таков момент во кој критикуваат и мразат одреден дел од своето тело.

Засрамена женаВо просек жените си даваат по 13 негативни коментари за својот изглед секој ден

Списанието Glamour спровело истражување за да дознае колку често на жените им доаѓаат негативни мисли поврзани со нивниот изглед. Тие побарале од 300 жени со различна форма на телото да ја запишуваат секоја негативна мисла или коментар што ќе им помине низ главата во текот на еден ден.

Резултатите покажале дека во просек жените си даваат по 13 негативни коментари за својот изглед секој ден. Кај некои жени коментарите само поминуваат во главата, но други сериозно се измачуваат со ваквите мисли.

„Тоа е многу, сепак не сум изненадена“ – изјавила психологот Ен Карнеј-Кук, којашто има специјализирано во областа за тоа како луѓето гледаат на своето тело и којашто помогнала за креирањето на истражувањето.

Таа објаснила дека за жените е толку нормално да си го критикуваат изгледот, што кога ќе се појави жена која го сака своето тело, тие ја сметаат за чудна. Жените постојано зборуваат за својот изглед и си даваат критики кога се со пријателките и тоа им станува навика.

Некои од негативните мисли на учесничките во истражувањето биле: „Дебела. Мрзлива. Си ги мразам бутовите. Си го мразам стомакот. Си ги мразам рацете“, „Стомакот ти е дебел, затоа си сингл“, „Не можам да си замислам некој да сака да има секс со ова“, „Голем нос, гнасна кожа, подочници, грди стапала, мали гради“.

Според експертите, најлошото е што негативните мисли започнуваат уште на рана возраст. Истражување во Флорида со 121 девојче на возраст од 3 до 6 години покажало дека третина од нив сакале да променат нешто во својот надворешен изглед (на пример, бојата на косата), а скоро половина изјавиле дека се загрижени затоа што се дебели.

Истражувањето на Glamour покажало дека жените кои не се задоволни од својата кариера и љубовниот живот имаат повеќе негативни мисли за себе, во споредба со жените кои се задоволни од она што го имаат во тие сфери.

„Ако имаме лош ден, често ги истураме тие негативни емоции врз нашето тело, наместо да ги насочиме кон она што навистина нè мачи, на пример, шефот или момчето“ – изјавила психологот Никол Вуд-Барклоу од Оклахома.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 39%
  • 16%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3903 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.