Помеѓу мажите и жените отсекогаш постоеле разлики, особено кога станува збор за љубовниот живот. Истражувачите и научниците постојано се обидуваат да ги одгатнат тие разлики, за да можат двата пола подобро да се разберат еден со друг.
Експертите денес имаат точна статистика за одредени реакции и однесувања на мажите и жените.
Жените отсекогаш се сметани за поголеми романтичарки од мажите и очигледно тоа е факт. Новите истражувања покажаа дека дури 97% од жените се бакнуваат со затворени очи, а само 30% од мажите возвраќаат со таков гест.
Мажите полесно се возбудуваат од жените и тоа секој го знае. Но, сигурно малку луѓе знаат дека ним им се потребни само 3-10 секунди за да се возбудат. Наспротив нив, на жените им е потребно доста подолго време, т.е. 3 до 45 минути, за да се почувствуваат возбудени.

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (9)
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.