80% од луѓето имаат „токсични“ пријатели
Почетна » Новости » Истражувања » 80% од луѓето имаат „токсични“ пријатели

80% од луѓето имаат „токсични“ пријатели

Пријателите се богатство кое секој треба да го поседува, но понекогаш меѓу оние кои ги нарекуваме најблиски пријатели има и такви кои не влијаат така позитивно врз нас како што би сакале.

Истражување направено со учество на 18 000 жени и 4000 мажи покажало дека најголем дел од луѓето имаат по некој „отровен“ пријател. Всушност, 84% од жените и 75% од мажите признале дека имаат пријател кој е или себичен и нарцис, или недоверлив или „емотивен вампир“. Третина од луѓето имаат за најдобар пријател таква токсична личност.

Пријателки

За целите на истражувањето биле дефинирани 5 типа токсични пријатели: Нарциси, Хронични убијци на расположението, Критичари, Саботери и Недоверливи.

65% од луѓето се дружат со нарцисоидни луѓе кои се препознаваат по честата употреба на зборовите „Јас“, „Мое“, „Мене“, а 59% се пријатели со „емотивен вампир“ кој секогаш ја цица позитивната енергија од луѓето.

ИстражувањеРезултатите од истражувањето

55% од луѓето имаат пријател кој е премногу критички настроен кон нив, а 45% признаваат дека се пријатели со некој што знае да им забие нож во грбот.

„Мојата пријателка со која се знаеме уште од средно секогаш ми дава злобни забелешки за мојата тежина, или мојата куќа или дури за мојата ќерка, а потоа ми вели: Ох, само се шегував“ – признала една од учесничките.

Истражувањето направено со соработка помеѓу Today.com и Self.com покажало дека дури 37% од луѓето остануваат пријатели со личности во кои немаат доверба.

Најголем дел од учесниците, поточно 83%, не би го растуриле пријателството со токсичен пријател само затоа што е тешко да се „раскине“ со пријател.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8695 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.