3 предуслови за достигнување на среќата
Почетна » Новости » Истражувања » 3 предуслови за достигнување на среќата

3 предуслови за достигнување на среќата

Може да постигнете неверојатен успех за каков што не сте ни сонувале и да имате многу пари и добро здравје, но сепак да не се чувствувате среќни.

И тогаш, сигурно ќе се запрашате што е потребно за да достигнете состојба на среќа. Американски научници тврдат дека откриле кои се 3-те основни психолошки потреби кои мора да бидат задоволени за луѓето да бидат среќни.

Среќна женаЗа да се среќни, луѓето треба да чувствуваат автономност, компетентност и блискост

Едвард Деци и Ричард Рајан од Универзитетот Рочестер сметаат дека ако луѓето не ги задоволуваат 3-те основни психолошки потреби, ќе се чувствуваат внатрешно неисполнети, дури и ако постигнуваат големи успеси.

Тие сметаат дека 3-те основни психолошки потреби кои треба да ги задоволите за да бидете среќни се:

  • Автономност. Треба да се чувствувате автономни, да чувствувате дека слободно избирате што ќе правите во вашиот живот и дека не сте контролирани од никого.
  • Компетентност. Треба да се чувствувате ефективни и компететни, правејќи работи кои сами ги иницирате, а не работи кои сте принудени да ги правите.
  • Блискост. Треба да имате блиски односи со луѓето околу вас.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9566 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.