Ѓумбирот ги олеснува болките во мускулите
Почетна » Новости » Истражувања » Ѓумбирот ги олеснува болките во мускулите

Ѓумбирот ги олеснува болките во мускулите

Ѓумбирот често се споменува како моќен афродизијак. Во народната медицина се користи против настинка и проблеми со стомакот.

Освен тоа, научниците тврдат дека ѓумбирот има својство да ја намалува болката, а сега докажаа дека особено помага за намалување на болката во мускулите предизвикана од преголема физичка активност или многу вежбање.

Ѓумбир и чај од ѓумбирЃумбирот ја намалува болката во мускулите со 25%.

Американско истражување, предводено од професорот Патрик О’Конор, покажало дека редовната консумација на ѓумбир ја намалува болката во мускулите за една четвртина.

Во рамките на истражувањето, половина од учесниците примале капсули кои содржеле 2гр. ѓумбир, а другата половина капсули за плацебо ефект. Откако на осмиот ден со подигање на тегови тие си предизвикале умерена болка во мускулите, било мерено нивото на хемикалии коишто се појавуваат за време на мускулната болка. Резултатите покажале дека редовната консумација на ѓумбир ја олеснува болката во мускулите со 25%.

Научниците веруваат дека ѓумбирот содржи супстанции кои влијаат на ист начин врз телото како и некои лекови, меѓу кои и аспиринот.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 17%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3631 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.