Кога се шминкате за вечерното излегување, одделете повеќе време за вашите усни. Ново истражување покажа дека кога мажите гледаат во женското лице, најголемо внимание им посветуваат на усните.
Научниците од Универзитетот Манчестер откриле дека во првите 10 секунди откако ќе запознаат некоја жена мажите повеќе од половина од времето зјапаат во нејзините усни. За да го докажат тоа, истражувачите го следеле движењето на очите на 50 мажи додека им покажувале фотографии од различни жени.
Мажите ги сметаат за најпривлечни полните црвени усни
Резултатите од истражувањето покажале дека времето што мажите ќе го поминат гледајќи во женските усни зависи од бојата на карминот и од тоа дали жената е нашминкана или не.
Кога жените имаат кармин на усните, мажите зјапаат во нивните усни во просек по 7 секунди, за нивните очи издвојуваат 0,95 секунди, а нивната коса ја разгледуваат само 0,85 секунди.
Ако жената има нанесено розов кармин, тогаш претставниците на посилниот пол се загледуваат во нејзините усни во просек по 6,7 секунди, а ако има црвен кармин – 7,3 секунди.
Но, истражувањето покажало дека кога жената не е нашминкана мажите издвојуваат 2,2 секунди за нејзините усни, 2,97 секунди за нејзините очи и 2,77 секунди за нејзиниот нос.
Според резултатите, за најпривлечни се сметаат полните усни. Но, жените кои имаат тенки усни не треба да се разочаруваат затоа што било откриено дека со помош на кармин привлечноста на тенките усни се зголемува со 40%.

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (1)
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.