Почетна » Новости » Истражувања » Третина од мажите би се ожениле со партнерка во која не се заљубени

Третина од мажите би се ожениле со партнерка во која не се заљубени

Стереотипите сè уште ги опкружуваат машко-женските односи и продолжуваат да се негуваат во популарните романтични комедии. Луѓето веруваат дека жените очајно посакуваат да стават бурма на раката и дека би направиле и компромиси само за да се омажат, а од друга страна, сметаат дека мажите се тие кои бегаат како од оган од долгорочното обврзување.

Всушност, реалноста е малку поинаква, барем според резултатите од истражување на сајтот за онлајн состанување Match.com. Одговорите на 6.000 мажи и жени покажале дека мажите многу почесто од жените би се ожениле само колку за да бидат во брак и да ја почувствуваат сигурноста што ја нуди брачната заедница, односно мажите се посклони од жените да стапат во брак со личност во која не се заљубени.

Свадбена тортаМажите се посклони да стапат во брак со партнерка во која не се заљубени, во споредба со жените

Речиси третина од мажите (31%) признале дека би стапиле во брак со партнерка која има сè што тие сметаат дека треба да поседува една сопруга, иако не се заљубени во неа. Од друга страна, жените не прават толку често компромиси и само 23% од жените го потврдиле истото.

Некои мажи одат и чекор подалеку, признавајќи дека би се ожениле со личност која не ги привлекува сексуално. Дури 21% од мажите признале дека би ѝ го кажале судбоносното „Да“ и на жена кон која не чувствуваат сексуална привлечност.

Хелен Фишер, која по професија е антрополог, ги проучува ваквите тенденции кај мажите. Еве дел од мислењата на оваа тема кои ги добила таа од мажите за време на нејзиното истражување:

„Идејата да останеме сами во животот може да биде ненадминлив проблем. Може да им ја скрши душата на некои мажи. Мажите, секако, не се имуни на тоа.“

„Ако сме искрени, ако се ослободиме од фантазиите, да бидеш сингл маж е ужасно.“

„На крајот на краиштата, повеќето од нас сакаат некоја која би нè поддржувала и која е доволно свесна за со неа да создадеме семејство.“

„Сите стапуваме во брак со нашиот втор, или трет, или четврт најдобар избор. Таков е животот.“

Истражувањето покажало и дека мажите не сакаат единствено да излегуваат со што повеќе жени, туку сакаат стабилна врска. На прашањето „Дали би сакале само да се забавувате со многу жени?“, само 3% од мажите одговориле потврдно.

Изненадуваат и резултатите кои укажуваат на фактот дека мажите се подготвени повеќе да се обврзат откако ќе засакаат одредена партнерка. Цели 46% од мажите се желни да започнат да живеат под ист покрив со саканата дури и ако се во врска помалку од една година. Од друга страна, само 26% од жените би го презеле тој голем чекор.

Коментари (7)

13:12, 23 февруари 2012г. #
па секако,ретко кој маш знае што е лубов за нив постои само се*с и ништо друго
пс:првам коментирам
13:46, 23 февруари 2012г. #
Па што ако коментираш прва?? Бог да чува. Што е фората во тоа... Глупости како деца сте.. Инаку не се сложувам баш, не се тие такви како што ние жените ги гледаме, сепак погледнете поубаво, имаат чувства, зар не? - Не сите но дел од нив, да...
14:46, 23 февруари 2012г. #
Zalno, vo svetov sme pomalku vistinska ljubov :/
16:16, 23 февруари 2012г. #
Се согласувам со гуитар и маријаааааам :))
17:10, 23 февруари 2012г. #
Пред да се пофалеше дека си прва, да научеше како се пишува маЖ*
17:14, 23 февруари 2012г. #
ppff...kataastroofaaa....:S!!!!!! seaa swetoott ee kako IZLUPAN KOMPIIRR;s!!! toollkuu stanaa qadennn:S!?
13:38, 27 февруари 2012г. #
господе па и вие ако сака ќе вели дека е прва ако не сака нема..
не е фемина ваша може што сака да пишува и кога сака и јас пишувам прва па и велам дека сум прва па што?? :$ што има тоа врска господ да чува брее кави луѓе се немаа по светоф(ова сето надвор од темата)
инаку ова точно е :)

Напишете коментар

Треба да се најавите за да можете да испраќате коментари.
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.

busy
Реклама

ПРЕПОРАЧАНО од FACEBOOK

Анкета

Анкета
Во вашиот плакар доминираат:
  • 42%
  • 58%
Се испраќа...

(Вкупно: 9916 гласа)

Цитат

Не знам кој ги измислил високите потпетици, но сите жени му должат многу.

Мерилин Монро

Виц

Жената му се јавува на мажот:

– Каде си?

– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?

– Аууу, да!

– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.

Site Meter