Почетна » Новости » Истражувања » Сонцето може да ви донесе брчки дури и преку стакло

Сонцето може да ви донесе брчки дури и преку стакло

Општо познато е дека директното изложување на сончева светлина е една од причините за појавата на брчки. Но, француски научници открија дека сонцето може да предизвика стареење на кожата дури и преку стакло.

Тие тврдат дека штетата од сончевата светлина што продира преку стакло може да биде толку голема, што по одредено време делот од лицето што бил изложен на сонце ќе изгледа 7 години постаро од останатиот дел од лицето.

Жена што работиЖена што работи во канцеларија ќе остари побрзо од страната на лицето која ѝ е изложувана на сонце

Причина за тоа е што стаклото ги блокира само UVB-зраците, а околу половината од UVA-зраците продираат преку него. Најпознатите дерматолози предупредуваат дека секојдневното изложување на ултравиолетови зраци предизвикува кожата да старее повеќе од двапати побрзо.

Француските научници покажале дека жена што работи во канцеларија или што редовно вози ќе остари побрзо од страната на лицето која ѝ е изложувана на сонце и топлина, дури и преку стакло.

Во еден случај, била анализирана кожата на 62-годишна жена која секој ден во текот на 33 години патувала со автомобил од 2-5 часа за да присуствува на различни состаноци. Истражувачите откриле дека онаа страна од нејзиното лице којашто била поблиску до прозорецот на автомобилот изгледала 7 години постаро отколку спротивната страна.

Коментари (0)

Сè уште нема коментари за оваа статија. Вашиот може да биде првиот!

Напишете коментар

Треба да се најавите за да можете да испраќате коментари.
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.

busy

АКТУЕЛНО на ФОРУМОТ

Анкета

Анкета
Колку чинеле најскапите обувки кои некогаш сте си ги купиле?
  • 29%
  • 18%
  • 25%
  • 13%
  • 6%
  • 9%
Се испраќа...

(Вкупно: 12061 гласа)

Цитат

Мажите секогаш сакаат да бидат првата љубов на жената. Жените сакаат да бидат последната романса на мажот.

Оскар Вајлд

Виц

Кога една жена вели „Што?!“, тоа не значи дека не слушнала што ѝ кажал соговорникот. Тоа значи дека му дава шанса да го промени она што го кажал.

Мода

Мода

Хороскоп

forum.femina.mk

Хуманост

Site Meter