Мијте ги забите двапати дневно за да го заштитите срцето
Почетна » Новости » Истражувања » Мијте ги забите двапати дневно за да го заштитите срцето

Мијте ги забите двапати дневно за да го заштитите срцето

Добрата орална хигиена може да ви помогне не само да го подобрите здравјето на забите и да имате убава насмевка, туку и да го заштитите срцето. Научниците уште еднаш ја потврдија врската меѓу оралната хигиена и срцевите болести.

Ново истражување потврдило дека оние кои не ги мијат своите заби или ги мијат многу ретко се изложени на 70% поголем ризик од срцев удар во споредба со оние кои што ги мијат забите двапати дневно.

Жена што си ги мие забитеМијте си ги забите двапати дневно за да се заштитите од болести на срцето.

Во истражувањето учествувале 11 000 луѓе на просечна возраст од 50 години. Сите биле прашани колку често посетуваат стоматолог и колку често си ги мијат забите, а потоа била следена нивната здравствена состојба.

Во текот на наредните 8 години, 555 од учесниците пострадале од сериозни срцеви проблеми, а 170 од тие случаи завршиле фатално. Експертите заклучиле дека кај оние учесници кои ретко или никогаш не си ги миеле забите имало 70% поголема веројатност за појава на болест на срцето.

Со помош на претходни истражувања, научниците открија дека лошата дентална хигиена и крварењето на непцата може да предизвика 700 различни бактерии да влезат во крвта и со тоа да го зголемат ризикот од појава на срцев удар, без разлика колку е здрав човекот.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 6471 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.