Мажите чекаат 88 дена за да кажат „Те сакам“, жените 134
Почетна » Новости » Истражувања » Мажите чекаат 88 дена за да кажат „Те сакам“, жените 134

Мажите чекаат 88 дена за да кажат „Те сакам“, жените 134

Изговарањето на зборовите „Те сакам“ не е лесно, особено кога е за првпат во нова врска. Мажите чекаат 88 дена пред да ја искажат својата љубов, додека на жените им се потребни во просек 134 дена за гласно да признаат дека го сакаат својот партнер, покажуваат резултатите од ново истражување.

Истражувањето на сајтот за онлајн состанување eHarmony покажало и дека 39% од мажите велат „Те сакам“ уште во првиот месец од врската, а истото го прават само 23% од жените.

Заљубен пар

Спротивно на популарното мислење дека мажите забораваат важни датуми, резултатите покажале дека 77% од мажите се сеќаваат кога за првпат кажале „Те сакам“, а само 5% не можат да се сетат кога за првпат ја држеле за рака својата сакана.

Младите лица на возраст од 18-24 години се однесуваат највоздржано во врска. Тоа е возрасната група која најдолго чека пред да го доживее првиот бакнеж.

Кога станува збор за поинтимните контакти, 58% од мажите и жените признале дека имале секс во првите три месеци од врската. Околу 43% од мажите и 36% од жените имале секс со партнерот уште во првиот месец од врската.

И резултатите од неколку претходни истражувања укажуваат на тоа дека мажите се посмели и побрзо велат „Те сакам“.

Џени Трент Хјуз, експерт за врски во eHarmony, потенцирала дека сфаќањето дека мажите се плашат од обврзување е застарено.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9639 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.