Кучињата и мачките може да го подобрат здравјето на бебињата
Почетна » Новости » Истражувања » Кучињата и мачките може да го подобрат здравјето на бебињата

Кучињата и мачките може да го подобрат здравјето на бебињата

Новите родители секогаш се обидуваат да создадат што побезбедна околина за своите деца, па често се откажуваат од своето куќно милениче откако ќе дојде на свет нивното дете. Но, нова студија вели дека токму кучињата и мачките можат да го подобрат здравјето на малите бебиња.

Куче и бебе

Бебињата кои растат со куче или маче поретко заболуваат од настинки и други респираторни инфекции и помалку им е потребно лекување со антибиотици во текот на првата година од животот, тврдат фински научници. За целите на истражувањето објавено во списанието „Pediatrics“, била следена здравствената состојба на 397 деца од Финска од времето пред да бидат родени, па сè до нивниот прв роденден. Родителите секоја недела пополнувале прашалници за здравјето на децата и одговарале дали поседуваат милениче или не.

Иако респираторните инфекции и симптомите како настинка се чести за бебињата, анализата открила дека бебињата кои имале контакт со куче или маче биле значително поздрави и за 30% помалку страдале од кашлица и симптоми како затнат нос и кивање.

Анализите на податоците покажале дека бебињата кои растеле во дом со милениче развивале за 44% помалку ушни инфекции и за 29% поретко примале антибиотици, во споредба со бебињата кои живееле во дом без миленик.

Сепак, истражувачите велат дека позитивниот ефект е поголем кога бебето живее со куче.

„Нашите откритија ја поддржуваат теоријата дека во текот на првата година од животот контактот со животните е важен и веројатно води до поголема отпорност на респираторни болести во текот на детството. Најсилен ефект е забележан кога има контакт со куче. Не знаеме зошто е посилен тој ефект во споредба со контактот со мачка. Можеби има поврзаност со нечистотијата која кучињата ја носат однадвор, затоа што најсилен заштитнички ефект беше забележан кај деца чии кучиња поминуваат долго време надвор“ – велат истражувачите.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8610 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.