Кои се најдобри земји за мајките? Македонија на 40. место
Почетна » Новости » Истражувања » Кои се најдобри земји за мајките? Македонија на 40. место

Кои се најдобри земји за мајките? Македонија на 40. место

Финска, Шведска и Норвешка им нудат најквалитетен живот на мајките. Трите држави се на врвот на листата на невладината организација Save The Children, која ги рангира државите во светот по квалитетот на животот на мајките.

Мајка и дете

На дното на листата се сиромашните африкански држави Конго, Сомалија и Сиера Леоне. Македонија се наоѓа на 40. место од вкупно 176 земји во кои биле направени анализи за квалитетот на здравствените услуги за мајките, смртноста на децата под 5 години, економскиот статус, формалното образование и учеството на жените во политиката.

Од регионот највисоко на листата е рангирана Словенија (14. место), потоа следуваат Грција (19. место), Хрватска (34. место) и Србија (36. место). Црна Гора и Бугарија се зад нас, на 42-ро и 43-то место соодветно.

Мапа според квалитетот на живот на мајкитеМапа според квалитетот на живот на мајките

Најновиот извештај на Save The Children, насловен „Surviving the First Day“, открива дека првиот ден од животот на новороденчињата е и најопасниот ден во нивниот живот. Застрашувачки се податоците дека годишно умираат 1 милион деца на денот на раѓањето.

Вкупно 3 милиони деца секоја година умираат во првиот месец од својот живот. Најлошото е што смртта кај најголем дел од нив би можела да биде спречена доколку би добиле соодветна медицинска нега.

Инфографик

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9639 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.