Почетна » Новости » Истражувања » Кафето и чајот го намалуваат ризикот од срцеви болести

Кафето и чајот го намалуваат ризикот од срцеви болести

Постојано се појавуваат истражувања кои ги потврдуваат позитивните ефекти на кафето и чајот врз здравјето. Досега истражувањата укажувале на тоа дека кафето и чајот го намалуваат ризикот од појава на некои видови на рак, дијабетес, стрес, па дури и на акни.

КафеУмерената консумација на кафе води до намалување на ризикот од појава на срцеви болести со 20%.

Резултатите од едно од најголемите истражувања во оваа област, кое опфаќало 34 514 учесници, покажале дека умерената консумација на чај и кафе го намалува ризикот од срцев удар за една петтина.

За да дојдат до овие резултати, експертите ги набљудувале учесниците во период од 13 години.

Било утврдено дека најголемо влијание врз појавата на срцеви заболувања има чајот. Кај оние кои пиеле 3-6 чаши чај дневно, ризикот за појава на срцеви проблеми бил за 45% помал во споредба со оние кои пиеле во просек помалку од една чаша дневно. Учесниците кои пиеле повеќе од 6 чаши чај дневно имале 36% помал ризик од појава на срцева болест.

И обожавателите на кафето можат да им се радуваат на резултатите од ова истражување, затоа што било утврдено дека умерената консумација на кафе (2-4 чаши дневно) води до намалување на ризикот од појава на срцеви болести со 20%.

Експертите сметаат дека овие позитивни ефекти на кафето и чајот се појавуваат поради тоа што и кафето и чајот содржат антиоксиданси кои ги уништуваат слободните радикали во телото.

Коментари (1)

00:12, 21 јуни 2010г. #
mene ne mi e jasno ednas kafeto e stetno ednas korisno a da pisete koi se pozitivnosti a koi negativnosti na kafeto,za cajot se soglasuvam :)

Напишете коментар

Треба да се најавите за да можете да испраќате коментари.
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.

busy
Реклама

ПРЕПОРАЧАНО од FACEBOOK

Анкета

Анкета
Во вашиот плакар доминираат:
  • 42%
  • 58%
Се испраќа...

(Вкупно: 9915 гласа)

Цитат

Не знам кој ги измислил високите потпетици, но сите жени му должат многу.

Мерилин Монро

Виц

Жената му се јавува на мажот:

– Каде си?

– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?

– Аууу, да!

– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.

Site Meter