Зошто плачеме од радост?
Почетна » Новости » Истражувања » Зошто плачеме од радост?

Зошто плачеме од радост?

Честопати луѓето плачат во моменти на екстремна радост. Но, зошто лееме солзи радосници? Психолози од Универзитетот Јејл сметаат дека знаат што се крие зад неочекуваната реакција.

Потпирајќи се на нови истражувањa, експертите веруваат дека солзите помагаат за постигнување на внатрешен емоционален баланс и подобро контролирање на интензивните емоции.

Солзи радосници

За плачењето од среќа, психологот Оријана Арагон од Универзитетот Јејл вели: „Луѓето можеби си го враќаат емоционалниот еквилибриум со тие изрази. Тоа се случува кога луѓето се обземени од силни позитивни емоции. Луѓето кои плачат од среќа подобро закрепнуваат од силните емоции.“

Арагон и нејзини колеги ги набљудувале и анализирале реакциите на учесниците кога тие гледале слатки бебиња и емотивни средби на луѓе. На крајот констатирале дека лицата кои имаат негативни реакции на позитивни вести побрзо ги надвладуваат интензивните емоции. Или накратко, луѓето кои плачат од среќа побрзо успеваат да ја вратат во нормала огромната радост која ги обзема.

Постојат докази дека силните негативни чувства може да поттикнат позитивна реакција, како на пример смеење од нервоза или смеење во ситуација на екстремна тага.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9638 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.