За првпат во светот излекувана жена со рак на дојка во напредна фаза со имунотерапија
Почетна » Новости » Истражувања » За првпат во светот излекувана жена со рак на дојка во напредна фаза со имунотерапија

За првпат во светот излекувана жена со рак на дојка во напредна фаза со имунотерапија

Револуционерна терапија ѝ го спаси животот на жена со рак на дојка кој веќе имал метастазирано. Ова е првпат научници со имунотерапија успешно да излекуваат пациент со рак на дојка во напредна фаза.

Џуди Перкинс

Џуди Перкинс била помирена дека ќе умре, затоа што по двегодишно агресивно лекување, хемотерапијата не го спречила ракот во нејзината десна града да се прошири на црниот дроб и други делови од нејзиното тело.

За моментите кога прогнозите биле дека ѝ преостануваат 3 месеци живот, Перкинс вели: „Сфатив дека ќе умрам. Се чувствував лошо за моето семејство, но бев благодарна за животот што го имав.“

Тим од доктори, предводен од Стивен Розенберг, ѝ предложил на 52-годишната инженерка од Флорида да се подложи на експерименталната терапија која ја развивале.

„Мојата состојба кон крајот многу се влошуваше и имав тумори кои ми притискаа нерв, па цело време се обидував да не мрдам за да избегнам болка да ми прострујува низ раката. Се откажав од борењето со болеста. Откако третманот ги уништи речиси сите мои тумори, бев способна да одам на пешачење на тура од 65 километри“ - изјавила Перкинс.

Џуди Перкинс

Како тече процедурата?

Докторите прават биопсија на примарниот тумор и метастазите и со проучување на ДНК ги откриваат мутациите специфични за конкретниот рак. Потоа, извлекуваат клетки на имунолошкиот систем на пациентот кои навлегле во туморното ткиво со цел да го уништат, но не успеале или зашто биле преслаби или малку по бројност.

Откако во лабораториски услови со размножување тие клетки ќе станат милијарди, научниците ги скенираат за да откријат кои од нив најефикасно би го препознале и уништиле ракот, а потоа ги ставаат во телото на пациентот.

Перкинс била лекувана со инјектирање на 80 милијарди такви клетки. Првите тестови биле направени по 42 недели и тие покажале дека во нејзиното тело нема рак. „Чудесно е и јас сум повеќе од вчудовидена што немам рак веќе 2 години. Дадов отказ и планирав да умрам. Сега, му се вратив на нормалниот живот“ - рекла таа.

Џуди Перкинс Џуди Перкинс

Научниците веќе планираат клинички испитувања за да проценат колку ефективен може да биде овој метод на лекување.

Сите тие се согласни дека ова е огромен чекор напред во борбата против ракот, но потенцираат дека имунотерапијата сè уште е експериментален третман и дека треба уште многу да се работи за да стане рутински достапна за пациентите.

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 70%
  • 13%
  • 17%
Се испраќа...

(Вкупно: 8605 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.