Жените преферираат добар секс пред чоколадо
Почетна » Новости » Истражувања » Жените преферираат добар секс пред чоколадо

Жените преферираат добар секс пред чоколадо

Што сакаат жените? Не постои маж кој барем еднаш во животот не си го поставил тоа прашање.

Ново истражување направено од маркетинг агенцијата Saatchi & Saatchi Wellness се обидува да даде некои сознанија за тоа што сакаат жените, токму пред празникот на вљубените Св. Валентин.

Резултатите од нивното истражување покажале дека жените преферираат добар секс пред чоколадо. Кога 1000 жени биле запрашани дали повеќе би сакале добар секс секоја недела во текот на 5 години или бесплатно чоколадо секоја недела во текот на 5 години, 73% од жените избрале добар секс.

Среќен пар во креветЖените повеќе сакаат добар секс отколку чоколадо

Исто така, 91% од жените изјавиле дека повеќе би сакале да добијат 1000 долари, отколку секоја недела да добиваат чоколадо.

Истражувањето открило и дека жените обрнуваат сè повеќе внимание на изгледот. 36% од жените изјавиле дека на својот изглед му даваат поголем приоритет отколку во изминатите години, а само 15% изјавиле дека помалку се грижат за изгледот.

Интересно е што жените денес многу повеќе се обидуваат да водат здрав живот отколку порано. 60% од учесничките во истражувањето изјавиле дека јадат повеќе овошје и зеленчук, 50% изјавиле дека консумираат помалку мрсна храна, а 39% признале дека консумираат помалку слатки.

„Како жените да велат: по ѓаволите, сакам да сум среќна повторно“ – изјавил Нед Расел, директор во компанијата која го направила истражувањето, и потенцирал дека жените од година во година сè повеќе ја изедначуваат убавината со здравјето.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9634 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.