Жените потешко се разделуваат со пријателка отколку со момче
Почетна » Новости » Истражувања » Жените потешко се разделуваат со пријателка отколку со момче

Жените потешко се разделуваат со пријателка отколку со момче

Отсекогаш преовладувало сфаќањето дека жените формираат поцврсто пријателство помеѓу себе и се многу поблиски, отколку мажите. Тоа мислење е оправдано, а сега и докажано.

ПријателствоЖенското пријателство е посилно.

Социолози од Универзитетот во Манчестер тврдат дека луѓето потешко се разделуваат од своите пријатели, отколку од своите љубовни партнери и дека тоа особено важи за понежниот пол.

Тие покажале дека врската помеѓу пријателките е толку силна, што дури и ако се разделат поради тоа што не сакаат да се дружат, потоа чувствуваат голема вина.

Проф. Керол Смарт, која што го предводела тимот, изјавила: „Етиката на пријателството е многу силна и прави да ни биде тешко да ставиме крај на едно пријателство, дури и кога тоа престанало да биде забавно, затоа што чувствуваме ужасна вина за тоа.“

Истражувањето во кое учествувале 200 луѓе покажало дека мажите се многу попроменливи од жените и полесно го губат контактот со пријателите кога ќе се преселат или кога ќе го сменат работното место. Ним им е полесно да создадат нов круг на пријатели, каде и да одат.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 17%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3642 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.