Жените во Македонија помалобројни од мажите, но подолговечни
Почетна » Новости » Истражувања » Жените во Македонија помалобројни од мажите, но подолговечни

Жените во Македонија помалобројни од мажите, но подолговечни

Жените во Македонија се помалобројни од мажите, но живеат подолго, велат податоците од Државниот завод за статистика. Процентуалното учество на жените и мажите во вкупното население на Република Македонија е речиси еднакво, со тоа што мажите имаат нешто поголем број претставници во државата. Така, 49,9% од македонското население се претставнички на понежниот пол, а 50,1% се мажи.

Жени-мажи

Жените во Македонија се радуваат на подолг живот од мажите. Податоците покажуваат дека жените живеат 4,3 години подолго од мажите или во просек по 77 години, а мажите по 72,7 години.

Во текот на 2011 година, најмногу бебиња се родени од мајки на возраст од 25 до 29 години. Во просек, жените за првпат стануваат мајки на возраст од 26,2 години. Сè повеќе жени раѓаат едно или две деца, а постојано се зголемува возраста на која жените се одлучуваат да станат мајки. Од 2001 до 2011 година, просечната возраст на која жените раѓаат за првпат се зголемила за 2 години.

Просечна возраст на мајката при раѓањето на првото детеИзвор: Државен завод за статистика
Публикација: Жените и мажите во Македонија, 2012

Просечната возраст при склучување прв брак е 25,4 години за невестата и 28,3 години за младоженецот.

Во високото образование, од година во година, во половата структура се забележува дека на факултетите се запишуваат и дипломираат сè повеќе жени. Бројот на дипломирани студенти жени во 2011 година изнесува 56,7% од вкупниот број на дипломирани студенти. Исто така, и бројот на жени кои магистрирале и докторирале е повисок во однос на мажите.

Во поглед на користењето компјутер и интернет, се намалува јазот меѓу половите, во полза на жените. Во 2011 година, од вкупниот број на корисници на компјутер (908.750), 49,2% биле жени, а 50,8% мажи.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9729 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.