Денес сè повеќе мажи ја користат депилацијата за средување на делови од своето тело, тоа особено важи за градите. И можеби со право го прават тоа, затоа што истражувачите откриле дека жените веќе не ги привлекуваат мажи со влакнести гради.
Истражување спроведено во Финска откри дека младите жени во плодните денови претпочитаат мажи со мазни гради. Од друга страна пак, повозрасните жени кои ја поминале менопаузата се привлечени повеќе од мажи со влакнести гради.
За време на истражувањето, на 550 жени на возраст од 15 до 69 години им биле покажани слики од 20 мажи пред и после нивното бричење на градите. Резултатите покажале дека само 30% од младите и дури 60% од повозрасните жени изјавиле дека се привлечни влакнестите мажи.
Најверојатно овој заклучок се должи на различното сфаќање на младите и повозрасните жени за привлечноста на мажите. Во минатото влакнестите гради биле знак на машкост и биле сметани за привлечни. Но, денес мажите кои ги гледаме во списанијата и на телевизија и кои се прифатени како привлечни, на еден или на друг начин го елиминираат тој знак на машкост.

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (5)
a pred 20 godini nemale vrska so e ubavo...hahahah
.
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.