Едно кафе и четири шолји зелен чај дневно за помал ризик од мозочен удар
Почетна » Новости » Истражувања » Едно кафе и четири шолји зелен чај дневно за помал ризик од мозочен удар

Едно кафе и четири шолји зелен чај дневно за помал ризик од мозочен удар

Клучот за превенирање на мозочен удар се крие во кафето и зелениот чај, тврдат јапонски научници. Најновото истражување во оваа област покажало дека лицата кои консумираат кафе и зелен чај се изложени на помал ризик од мозочен удар, во споредба со лицата кои ретко ги пијат овие пијалаци или целосно ги избегнуваат.

Жена

Истражувачите ги разгледувале навиките на консумирање на кафе и чај на повеќе од 83.000 Јапонци на возраст од 45 до 74 години во период од 13 години и откриле дека луѓето кои пијат едно кафе секој ден имаат за 20% помал ризик за мозочен удар во споредба со оние кои ретко пијат кафе.

Учесниците кои пиеле 2-3 шолји зелен чај дневно имале за 14% помал ризик од мозочен удар, додека кај тие кои пиеле 4 или повеќе шолји зелен чај дневно ризикот бил намален за 20%.

Научниците сè уште не се сигурни на каков начин кафето и зелениот чај помагаат во превенирањето на мозочен удар, но порачуваат дека со мала промена во начинот на живот, односно со воведување на овие пијалаци во секојдневието, луѓето можат да направат многу за сопственото здравје.

Истражувањето било објавено во списанието Stroke на American Heart Association. Во рамките на истражувањето биле земени предвид разликите меѓу учесниците – возраст, пол, консумирање на алкохол, пушење, телесна тежина, исхрана и физичка активност.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9638 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.