Почетна » Новости » Истражувања » Длабоко деколте – најголема грешка на жените на работа

Длабоко деколте – најголема грешка на жените на работа

Облеката е многу важна на работното место и тоа не е тајна. Различни експерти постојано даваат совети која облека остава најдобар впечаток на работното место.

Најновото истражување на оваа тема покажа дека кога станува збор за облеката, најголемата грешка што жените можат да ја направат на работното место е да носат блузи и кошули со длабоко деколте.

Длабоко деколтеНајголема грешка на жените на работното место е длабокото деколте

Секој петти менаџер кој учествувал во истражувањето признал дека има отпуштено вработен поради тоа што не се облекувал соодветно. Половината од шефовите не унапредиле некого или не му ја покачиле платата поради несоодветното облекување.

Најголем дел од учесниците (80%) сметаат дека начинот на којшто луѓето се облекуваат на работа има влијание на нивната кариера.

Истражувањето било направено за британскиот бизнисмен Питер Џонс, а во него учествувале 3000 менаџери и вработени.

Коментари (2)

14:48, 10 декември 2010г. #
lelene mi se veruva na ova sto go citam. Pa neli kaj nas dlabokoto dekolte za na rabota, vo Centar se smeta za prednost
16:05, 10 декември 2010г. #
Се работи за етика и кодекси на однесувања, облекувањето за на работа е кодекс на однесување. Секоја компанија има свој кдекс на облекување и култура на однесување, доколку личноста не е подготвена да ги прифати условите кои ги налага компанијата тогаш не заслужува да работи и не знаае да се прилагоди на средината ниту знае да работи во тимски дух. Секако дека екстравагантното облекување нне е соодветно за на работа, постојат места каде таа облека може да се итакне.

Напишете коментар

Треба да се најавите за да можете да испраќате коментари.
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.

busy
Реклама

ПРЕПОРАЧАНО од FACEBOOK

Анкета

Анкета
Во вашиот плакар доминираат:
  • 42%
  • 58%
Се испраќа...

(Вкупно: 9914 гласа)

Цитат

Не знам кој ги измислил високите потпетици, но сите жени му должат многу.

Мерилин Монро

Виц

Жената му се јавува на мажот:

– Каде си?

– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?

– Аууу, да!

– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.

Site Meter