Длабокото дишење ја намалува болката
Почетна » Новости » Истражувања » Длабокото дишење ја намалува болката

Длабокото дишење ја намалува болката

Иако дишењето е непрекинат процес, тоа е телесна функција што може да се контролира. Досега беше познато дека свесното длабоко дишење помага полесно да се справиме со стресните ситуации и да се опуштиме. Сега ново истражување покажа дека бавното дишење може да ни помогне и да ја намалиме болката.

Жена што практикува јогаДишењето шест пати во минута ја намалува болката.

Американско истражување покажа дека луѓето можат лесно да поднесат повисок праг на болка и тоа подолго време, ако практикуваат сесии на контролирано дишење, со кои ќе го намалат бројот на вдишувања и издишувања на половина.

Поголемиот број возрасни лица вдишуваат и издишуваат 12 до 18 пати во минута. Американските истражувачи сметаат дека ако се преполови таа бројка, т.е. ако се практикуваат 6 вдишувања и издишувања во минута, тоа може да им помогне на луѓето не само да ја намалат краткотрајната болка од исеченици или изгореници, туку и да ја ублажат хроничната болка во мускулите и зглобовите.

Длабокото дишење може да помогне за подобрување и на физичкото и на психичкото здравје.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 26%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 6137 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.