Грст јаткасти плодови дневно против масните наслаги на стомакот
Почетна » Новости » Истражувања » Грст јаткасти плодови дневно против масните наслаги на стомакот

Грст јаткасти плодови дневно против масните наслаги на стомакот

Јаткастите плодови секогаш присуствуваат на листите за супер намирници кои се корисни за здравјето. Па, очекувано, истражувањата само ги надополнуваат причините поради кои треба да ги консумираме крцкавите јаткасти плодови.

Шпански научници сега за првпат откриле врска помеѓу консумирањето јаткасти плодови и зголемувањето на серотонинот, супстанција која го намалува апетитот, ја зголемува среќата и го подобрува здравјето на срцето.

Јаткасти плодовиЈаткастите плодови го штитат срцето

Истражувачи од Универзитетот Барселона тврдат дека дневно се доволни само 30 грама сирови и неизлупени ореви, бадеми и лешници за да се забележи позитивниот ефект.

Се верува дека резултатите од истражувањето ќе најдат примена во создавањето на поефективни третмани за пациентите со метаболички синдром, кој се карактеризира со вишок масни наслаги на стомакот, висок крвен притисок и високо ниво на шеќер во крвта. Сите тие симптоми го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести и дијабетес тип 2.

Во меѓувреме, друго истражување чии резултати биле објавени во списанието „Nutrition and Cancer“ покажало дека оревите најверојатно го намалуваат ризикот од рак на дојка.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 39%
  • 16%
  • 26%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 4141 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.