Витаминот Б6 го намалува ризикот од рак кај пушачите
Почетна » Новости » Истражувања » Витаминот Б6 го намалува ризикот од рак кај пушачите

Витаминот Б6 го намалува ризикот од рак кај пушачите

Ракот на белите дробови е најраспространета форма на карцином. Повеќе од 1,2 милиони луѓе во светот умираат секоја година од оваа кобна болест. Кај 90% од случаите, ракот на белите дробови се развива како последица од пушењето.

Жена што пушиВитаминот Б6 и метионинот го намалуваат ризикот од рак на белите дробови кај пушачите.

Но, сите пушачи не заболуваат од рак и научниците отсекогаш се обидувале да ја откријат причината за тоа. Сега можеби го добија одговорот, благодарение на истражување на Меѓународната агенција за истражување на ракот.

Во рамките на истражувањето било откриено дека пушачите кои во себе имаат поголемо количество на витамин Б6 и на амино-киселината метионин, имаат и помал ризик од заболување со рак на белите дробови.

Научниците дошле до заклучок дека кај оние кои имаат високо ниво на витамин Б6 и метионин, ризикот за појава на рак се намалува дури со 60%.

Истражувањето опфатило 400 000 луѓе, меѓу кои и 900 пациенти заболени од рак на белите дробови. Повеќето од пациентите биле пушачи, но имало и 100 кои никогаш не пушеле и 160 кои ги имале откажано цигарите.

Д-р Пол Бренан, којшто го предводел истражувањето, изјавил: „Овие податоци покажуваат дека диетата игра голема улога во развивањето на рак на белите дробови, но сè уште е рано да се тврди дека само преку промена во начинот на исхрана и консумирање на повеќе храна која ги содржи овие витамини може да се избегне создавањето на рак“.

Витаминот Б6 и метионинот ги има во јаткастите плодови, рибата и месото.

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 36%
  • 11%
  • 53%
Се испраќа...

(Вкупно: 6789 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.