Вегетаријанството го намалува ризикот од срцеви болести
Почетна » Новости » Истражувања » Вегетаријанството го намалува ризикот од срцеви болести

Вегетаријанството го намалува ризикот од срцеви болести

Вегетаријанската исхрана може да го намали ризикот од срцеви заболувања со 32%, покажа истражување на Универзитетот Оксфорд.

Вегетаријанка

Во најголемото истражување направено досега во оваа област учествувале 44.500 лица од Англија и Шкотска, од кои повеќето биле жени, а 34% биле вегетаријанци. Во периодот од 11 години, колку што траело истражувањето, било регистрирано дека од срцеви болести починале 169 учесници, а 1.066 морало да бидат лекувани во болница.

Откако биле земени предвид фактори како возраст, физичка активност, пушење и сл., било заклучено дека вегетаријанците имаат за 32% помал ризик од хоспитализација или смрт од болести на срцето, во споредба со лицата кои консумирале месо.

„Резултатите јасно покажуваат дека ризикот од срцеви заболувања е за 32% понизок кај вегетаријанците отколку кај невегетаријанците“ – изјавил професорот Тим Ки, коавтор на истражувањето.

Анализата на податоците покажала дека вегетаријанците имаат понизок крвен притисок, пониско ниво на лош холестерол и поверојатно е да одржуваат здрава телесна тежина, а сето тоа влијае позитивно на здравјето на срцето.

„Разликата во ризикот најверојатно се должи на ефектот на холестеролот и крвниот притисок и го покажува големото значење кое го има исхраната во превенирањето на срцевите болести“ – објаснила Франческа Кроу, која го предводела истражувањето.

И покрај тоа, експертите советуваат дека вегетаријанство само по себе не е рецепт за здраво срце. Едно лице може да не консумира месо, а сепак да внесува нездрава храна полна со сол и масти.

„Ако мислите да се префрлите на вегетаријанска исхрана, планирајте ги внимателно оброците за да ги замените изгубените витамини и минерали како железо, кои во нормални услови би ги примале преку месото“ – изјавила Трејси Паркер од „British Heart Foundation“.

Резултатите од истражувањето биле објавени во American Journal of Clinical Nutrition.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9700 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.