Акупунктурата ја намалува болката преку мозокот
Почетна » Новости » Истражувања » Акупунктурата ја намалува болката преку мозокот

Акупунктурата ја намалува болката преку мозокот

Акупунктурата е стара кинеска вештина, која се состои од забодување на тенки метални иглички во кожата на точно определени места по телото. Оваа вештина доби популарност низ целиот свет и се применува за лекување на различни болести и намалување на болката.

АкупунктураАкупунктурата е стара кинеска вештина, која се применува за лекување на различни болести и намалување на болката.

Истражување на Универзитетот во Јорк покажало дека акупунктурата ја намалува болката преку мозокот, а не преку телото. Експертите кои го спровеле истражувањето објасниле дека кога едно лице добива третман со акупунктура, кај него се појавува чувството наречено „de qi“ (специфично чувство кога игличките се забодуваат во телото). Анализите покажале дека тоа чувство ги исклучува областите од мозокот кои ја процесираат болката.

Истражувачите сметаат дека резултатите од ова истражување ќе помогнат подобро да се сфати акупунктурата и да започне да се применува во повеќе области на медицината.

Досега е докажано дека оваа вештина помага при мигрена и болки во коленото, а во моментов се спроведуваат истражувања за ефектот на акупунктурата врз депресијата.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 26%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 6137 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.